„Ожени ме“ – Три дена провокација со Театар Провокација во МКЦ

Денес во МКЦ, во салата Фросина, со почеток од 20:00 часот ќе биде прикажана претставата „Ожени ме“ во изведба на тетатар Провокација. Ова е всушност првата од трите претстави во рамнките на Три дена провокација со Театар Провокација, кои во наредните 3 дена ќе бидат изведени во МКЦ.

„ОЖЕНИ МЕ“ е насловот на една од двете претстави кои всушност се две поглавја од ФЛИП ИЗДАНИЕТО на претставите со заеднички наслов „ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА“. Ова е еден уникатен начин да се опфатат две теми/ претстави кои се во нераскинлива врска и претставуваат лице и опачина, едната на другата (ОЖЕНИ МЕ и РАЗВЕДИ МЕ).


Ако мракот значи недостиг на светлината, а црвената ни го означува присуството на љубовта, дали во миговите на бес, при намаленото присуство на светлина, умееме да го согледаме присуството на нијансите на црвена? Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската во која се наоѓаме? Дали љубовта треба и да боли или само да нè разнежнува и мотивира да растеме и да се менуваме? Дали таа е „прекинувачот“ за нашата среќа? Дали љубовта мора да се круниса со БРАК, или бракот е само старомодна архаична институција со која општеството го стигматизира човекот за да може полесно да го манипулира? Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвена (љубовта).

Овие две поглавја на „ДВЕ НИЈАНСИ ЦРВЕНА“ ќе ве подзамислат, но со сигурност и ќе ве насмеат до солзи. Драматизацијата на двете претстави Роберт Ристов ја работеше по мотиви на урбаните сценарија: „Ожени ме“, „Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.


Во претставата „Ожени ме“ играат младите актери Изабела Јакимова и Бранко Атанасов, а изведувач во живо е и саксафонистот Бобан Цветановски. Режијата и сценографското решение се на Роберт Ристов.

Билетите по цена од 300 денари можете да ги купите на билетарницата на МКЦ или online на: http://teatarprovokacija.mk/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Започна снимањето на филмот „Касапско оро“: Политички трилер кој ветува визуелна и емотивно моќна приказна

Денеска на падините на Средно Водно, во драматичен амбиент и со исклучителна филмска екипа, падна …