Овошје што треба да го избегнувате ако се обидувате да изгубите тежина: Богати се со шеќер

Сите знаеме дека исклучувањето на преработената храна, засладените пијалоци, белиот леб и пржената храна помага кога се обидувате да изгубите тежина и да останете здрави, но некои експерти препорачуваат и избегнување на одредени овошја.
Иако се полни со антиоксиданси, влакна и есенцијални витамини, некои овошја имаат и многу шеќер, што може да го зголеми нивото на гликоза и да доведе до зголемување на телесната тежина, пишува Best Life.

Банани



Бананите се едно од овошјата кои содржат многу шеќери и затоа можат да влијаат на вашите цели за слабеење. Според Клиниката во Кливленд, една банана има повеќе од 15 грама шеќер. Меѓутоа, ако сакате банани и се обидувате да изгубите тежина, јадете ги кога се позелени бидејќи „имаат поотпорен скроб“. Постојат многу други здрави аспекти на бананите, тие содржат влакна за да го помогнат варењето, витамин Ц за зајакнување на имунитетот, витамин Б6 за подобрен метаболизам и калиум за добро здравје на органите.

Цреши



Следни на листата се црешите. Една чаша од ова овошје содржи околу 19 грама шеќер. Од друга страна, црешите содржат полифенолни антиоксиданси, кои помагаат да се заштити вашето срце од оштетување на клетките и да се намали воспалението.

Грозје



И’ покрај бројните придобивки, со 15 грама шеќер по чаша, грозјето најдобро е да се избегнува за време на слабеењето.

Ананас


Иако ананасот има импресивна листа на здравствени придобивки – полн со витамин Ц и манган, тој исто така е богат и со шеќер. Една шолја од ова овошје има над 16 грама шеќер.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како ефикасно да се регулира хормоналниот дисбаланс?

Хормоналната рамнотежа е клучна за здравјето на жената, влијаејќи на сè, од расположение до плодност. …