Обезбедете му на вашето тело потребната хидратација за време на тропските горештини
Бидејќи дехидрацијата може да дојде брзо, во зависност од начинот на живот, активноста и општото здравје, многу е важно редовно да се хидрирате во летните месеци.
Ова е особено случај за време на најтоплите денови, кога температурата надминува 30 степени, а важно е да се знае дека водата за пиење не е единствениот начин да се постигне тоа!
Иако би било добро секогаш да имате шише вода со себе, доколку немате навика да го правите тоа, не грижете се – постои вкусна алтернатива која може да ви помогне во текот на денот.
Медицинската платформа Healthline состави листа на намирници кои го хидрираат телото благодарение на голем дел од вода, а следните се лидерите во овој поглед:
Марула – содржина на вода 96%
Верувале или не, зелената салата содржи уште повеќе вода од краставицата и лубеницата! Ако изедете една шолја сечкана зелена салата (околу 72 грама), ќе добиете околу 59 мл вода.
Плус, оваа количина обезбедува околу 5 проценти од дневните потреби на фолати и еден грам влакна, а исто така е богата со витамини А и К.
Краставица – содржина на вода 95%
Скоро целосно направена од вода, краставицата има и помали количини на витамин К, калиум и магнезиум, а е една од намирниците со најмалку калории! Во околу 50 грама краставица ќе најдете само осум калории, а таа е многу освежителна и секогаш добар избор за летните денови.
Тиквички – содржина на вода 94%
Една шолја (околу 124 грама) сечкани тиквички содржи повеќе од 90 проценти вода и еден грам влакна, благодарение на кои ќе се чувствувате посити отколку ако јадете храна посиромашна со овие „состојки“.
Содржи и многу витамин Ц и други хранливи материи кои ќе му помогнат на телото да функционира правилно.