*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
АКО имате чувство дека во ваша близина има личност на која не можете да и верувате, можеби ќе треба да го проверите хороскопскиот знак на личноста за која се сомневате.
Според астрологијата, луѓето родени во овие четири хороскопски знаци не го покажуваат своето вистинско лице и се многу вешти во глумењето финеси, пишува Pinkvilla.
Еве и кои се тоа:
Риби
Начинот на кој Рибите зборуваат ги прави нивните вистински мисли мистерија. Сакаат да се преправаат дека се друштвени и фини, па често оставаат впечаток на личност која многу ве сака. Во реалноста, тие често се луѓе на кои тешко им се угодува и се исклучително пребирливи.
Девица
Девиците се трудат да бидат на врвот на социјалната скала. Тие можат да ги убедат повеќето луѓе да прават што сакаат бидејќи се многу манипулативни. Поради нивната тајновиост, не е секогаш јасно кои се нивните мотиви и често се претставуваат како лажно љубезни.