Постојат места на земјата каде што луѓето живеат долг, здрав живот – повеќе од 100 години. Јадете како што прават тие и можеби ќе станете стогодишник. Интересно е што најдолговечните луѓе во светот консумираат специфични видови леб. Здравите житарки се клучни за нивната подготовка, а еве како можете сами да ги подготвите.
Сините зони се области познати по долговечноста на нивните жители. Постојат пет такви региони во светот, вклучувајќи го италијанскиот остров Сардинија, јапонскиот остров Окинава, грчкиот остров Икарија, полуостровот Никоја во Костарика и градот Лома Линда во Калифорнија. Освен високиот процент на стогодишници кои живеат на овие места, голем број луѓе немаат сериозни здравствени проблеми како срцеви заболувања, дебелина, тумори или дијабетес.
Сини зони познати по долговечноста
Истражувачот Ден Битнер открил дека долговечноста во сините зони зависи од квалитетот на животот, кој вклучува позитивен поглед на светот, ниско ниво на стрес, редовна физичка активност и здрава исхрана.
Во овие заедници, исхраната се заснова главно на локално одгледувана растителна храна (околу 80 проценти), со додавање риба, јајца и млечни производи. Луѓето во сините зони поголемиот дел од храната, околу 65 отсто, ја добиваат од јаглехидрати, вклучувајќи интегрални житарки, овошје, зеленчук и мешунки. Месото се консумира во мали количини – околу 50 грама пет пати месечно, а рибата околу 100 грама три пати неделно. Јајцата и млечните производи се јадат во многу ограничени количини.
Строго се контролира и количеството на додадени шеќери, со максимум седум лажички дневно. Што се однесува до пијалоците, најчести пијалоци се водата и чајот, со умерени количини кафе и вино. Во сините зони лебот не е забранет, напротив е важен дел од нивната здрава исхрана.
Четирите најпопуларни видови леб во сините зони
За разлика од западните земји, каде најпопуларниот леб се прави од бело, рафинирано брашно, во сините зони се јаде леб што луѓето сами го печат од целосна храна, без адитиви.
Леб од кисело тесто
Овој леб е популарен во Сардинија и Икарија, а се прави од вода, интегрално брашно и домашен квасец стартер. Ферментацијата при подготовката му дава на лебот пробиотици кои го подобруваат варењето и го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Леб од цели житарки
Жителите на Икарија и Сардинија сами мелат житарки како пченица, ‘рж и јачмен, а лебот им е богат со влакна, витамини од групата Б и минерали како магнезиум, калиум и железо, кои придонесуваат за здравјето на целиот организам.
Погача од цели житарки
Во Икарија, популарни се и погачите, кои одлично се комбинираат со растителни протеини како хумус или варени грав и леќа. Овој вид леб е богат и со хранливи материи.
Пченкарен леб
Пченкарното брашно, кое се користи илјадници години, е популарно во Лома Линда. Овој леб често се комбинира со спелтино брашно и ленено семе, кое е одличен извор на омега-3 масни киселини, пишува Diversity Plus.
Фото: Архива