“Overnight Oats“ – брз и здрав појадок за зафатени утра

Ако барате здрав и вкусен појадок кој не бара многу време за подготовка, тогаш овесни снегулки  што се подготвуваат од вечер е идеален избор. Овој рецепт е совршен за оние кои сакаат да започнат со енергичен и хранлив оброк, без да трошат многу време наутро. Кога ќе оставиме овесот да отседи преку ноќ, тој ја апсорбира целата течност, создавајќи кремаста овесна каша. Потребни состојки за 1 оброк:
  • 55g (4 лажици) овесни снегулки
  • 125-150ml млеко или растителна алтернатива како бадемово млеко
  • 50g грчки јогурт
  • 1 лажичка мед или јаворов сируп
  • 1/2 чаша свежо или замрзнато овошје, како јагоди, малини, боровинки или банана
  • 1 лажичка семки од чиа (опционално)
  • 1/2 лажичка ванила екстракт (опционално)
Во  стаклена тегла или сад се става овесот, се додава млекото, чиа семките и засладувачот. За дополнителен вкус и интензитет може опционално да се додаде екстракт од ванила. Се мешаат сите состојки додека не се соединат. Потоа се додава јогуртот и на крај свежото или замрзнатото овошје. Овие додатоци не само што ќе го збогатат оброкот со дополнителни хранливи материи, туку и ќе и дадат прекрасен вкус и текстура. Вака соединетите состојки се оставаат преку ноќ во фрижидер. Overnight oats е повеќе од само брз и лесен појадок. Овој оброк обезбедува изобилство на растителни влакна, протеини,  витамини и минерали кои даваат енергија за цел ден. Комбинацијата на овес, млеко и јогурт обезбедува кремаста текстура, додека овошјето додава свежина и сладост. Семките од чиа, доколку ги користите, се одличен извор на омега-3 масни киселини и антиоксиданси. Наутро, сè што треба да се направи е да се извади теглата од фрижидерот и појадокот е подготвен! Може да се јаде ладна или малку да се загрее, по желба. На здравје!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на литвански филмови во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм вечерва во Кинотека

Вечерва во рамките на четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм, во Кинотека …