Следува период на стабилно, суво и сончево време во Македонија, ќе биде и значително потопло, што значи оваа седмица ќе го имаме она што кај народот е познато како Циганско Лето, а кај нас Метео Прогнозерите како “Мини Лето”.
На средината од седмицава ќе засилува и ветерот од југозападен правец. Мора да напоменам дека повремено ќе имаме појава и на умерена облачност, а само на кратко во среда и тоа особен о во западните предели ќе има услови за локален дожд проследен со ретки грмежи.
И во Скопскиот регион оваа седмица ќе имаме стабилно, суво, сончево и значително потопло време, повремено со умерена облачност.
Што се однесува до температурите, во почетокот на седмицава наутро ќе биде постудено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11 степени, додека потоа истите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
Што се однесува до максималните дневни температури, и тое ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, особено од средината на седмицава. Во Скопје температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 8 и 14 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваа тво интервалот помеѓу 22 и 26 степени.
Уживајте во преубавото време кое не очекува оваа седмица, и покркај тоа што повремено ќе имаме малку повеќе облачност, а во среда и услови за локален краткотраен дожд (ништо посебно).
Метео прогноза на Славчо Попоски