Во сабота на 23 септември во МКЦ, по 13-ти пат ќе се одржи фестивалот „Здраво млади“. Под мотото New music first, nа неколку бини, скопската публика ќе има можност да проследи еден куп изведувачи и да чуе нова, модерна и свежа музика.
Ова се дел од артистите кои ќе можете да ги чуете и видите во сабота во МКЦ. PVA од Лондон, најавени се како најголеми следни звезди (последна прилика да се видат во МКЦ), THE MAUSKOVIC DANCE BAND од Амстердам (на поправен кај скопската публика по нивниот настап на Cinedays 2018), по два одложени концерти, конечно VOJKO V, PLANET OPAL хроматско пулсирачко space дуо од Италија, ESCAPE-ISM е проект на Ian Svenonius, пеач во Make-Up, Chain and the Gang, Nation of Ulysses. DOPE KUKJATA е супер забавна скопска рап дружина. YMNK, познат по своите настапи во живо, култните MY TEAR со промо на новиот албум, ZHIVA, нова и надежна српска соул r’n’b звезда, NEMANJA од Хрватска, global psychadelic grooves, КАЛАТА, најверојатно еден од најдобрите нови македонски бендови. ĐUTKO I PLODOVI ZEMLJE кралот на агро поп панкот, мајстор на фешти, YOLANDE BASHING Une chanson électro entre mélancolie excitée THE OMY експлозивен бенд во живо, Москва виа Белград, артисти на пат. DJ FITZ, со два локални помошници Ертунч Сали и Ајнур Касо.
Билетите од денес се продаваат по цена од 800 денари, а билетите за одложениот концерт на Војко В, важат за фестивалот.