„Ова сум јас? Кои сме ние?“ – Перформанс на Енџи Николоска и Бојан Лазаров

На 14 ноември 2023 година во Театар “Сенки и облаци”, со почеток од 19:00 часот, ќе може да го погледенете перформансот „Ова сум јас? Кои сме ние?“.

„Ова сум јас? Кои сме ние?“ е истражување на телесната/движечка експресија, чија инспирација е македонското поетско творештво. Двајцата перформери – Енџи Николоска и Бојан Лазаров ќе го истражуваат поставувањето и изразувањето на телото во простор – индивидуално и заеднички преку танцово-театарски методи. Преку себеистражување до пронаоѓање на нови начини на комуникација и пренесување на јасна порака и емоција преку телото, односно специфичен сценски јазик за дијалог со гледачот, овој уметнички резиденцијален престој ќе резултира во перформанс.


Влезот е бесплатен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Пет тивки знаци на проблеми со срцето кои не треба да ги игнорирате

Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум …