Ова патување заврши но започна ново – Македонските ракометари на вистинскиот пат – „Секогаш со ♥️ за Македонија!“


„💫Нашето мундијалско патување заврши, со насмевки и исполнети срца го напуштивме Вараждин.
Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина.
🇲🇰🤾‍♂️Машката ракометна репрезентација на Македонија во конкуренција на 32 селекции го освои 15. место на Светското првенство. Шампионатот го заврши со две победи (Катар и Гвинеја), две ремија (Унгарија и Австрија) и два порази (Холандија и Франција).
👏Честитки до ракометарите и до стручниот штаб за одличните игри против силните противници.
Видовме борбена и храбра игра. Нашите момци покажаа како треба да се игра за националниот дрес.
🇲🇰Македонската репрезентација доби нов лик, новата генерација изгради сопствен идентитет.
Процесот на смена на генерацијата не беше лесен, но трпеливо чекоревме кон градење на цврсти темели за нови успеси во спортот број еден во Македонија.
🙏Голема благодарност до сите кои дел од оваа мундијалска приказна, секоја ваша поддршка беше мотив плус на теренот.
Само сплотени можеме да придонесеме за подобро утре.
Секогаш со ♥️ за Македонија!“, напишаа од РФМна нивната страна на Фејсбук.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каков прв впечаток оставате: Овен – директен, но наивен, Риби – духовно силни, но расеани

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …