Отворен повик за работилница „Од бајките до сегашноста“

КСП Центар -Јадро отвори повик за пријавување на работилницата со наслов „Од бајките до сегашноста“.

Работилницата е дел од проектот „Roots and Revelations – Enchanted Journeys Through Macedonian Storytelling“ на авторката Марија Шормаз, кој беше избран на конкурсот Culture Moves Europe – Individual Mobility for Artists, Creative Europe. Проектот се занимава со поврзаноста помеѓу македонскиот фолклор и современите човечки искуства, со акцент на односот со природата.


Работилницата користи методологии од сликарството, книжевноста, психотерапијата и аналитичката психологија, овозможувајќи им на уметниците преку симболи на природата да го истражат односот помеѓу човекот и природата. Учесниците ќе анализираат како тие односи биле обликувани преку митови и народни приказни и како се манифестираат денес.

Инструктор: Тијана Вуковић, дипломирала компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Белград, доктор на хуманистички науки на Универзитетот во Варшава и интегративен терапевт (арт интегративен и наративен пристап).


Термини на работилницата:
• 12 декември 2024, 18ч-20ч
Во случај на поголем број заинтересирани, дополнителен термин:
• 16 декември 2024 во КСП Центар- Јадро (на денот на изложбата) 13-15ч
Пријави: Контактирајте ја Марија Шормаз до недела, 10 декември 2024 на: marijasormaz@yahoo.com

Изложба на делата изработени за време на работилницата: Понеделник, 16 декември, 2024, 20 ч, КСП Центар- Јадро.


Ги повикуваме уметниците да се пријават и да ја истражат поврзаноста помеѓу природата, митологијата и уметноста!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

После пауза од 6 години на сцената на Народниот Театар во Битола повторно ќе биде поставена хит претставата „Кокошка”

По успешното враќање на репертоарот на НУ Народен Театар Битола на претставата “Сомнително лице” на …