Отворен повик до сите дизајнери и изработувачи на производи за учество на „Скопје Вибрира“ поп ап

Лабораториум и Лаб дизајн маркет објавуваат отворен повик до сите дизајнери и изработувачи на производи, како и визуелни уметници кои живеат или работат во Скопје или како инспирација и тематика во својата работа го имаат градот Скопје.

Услови за учество:


  • дизајн на производи (мода, накит, додатоци, мебел, осветлување, рачни изработки итн.)
  • визуелни уметности (сликарство, вајарство, графика, графички дизајн, илустрации, инсталации)

Критериум за учество:

  • поврзаност со градот Скопје, дизајнерот или уметникот треба да твори во Скопје или да е тематски поврзан со Скопје

Доколку Вашите производи и уметност се продажни, учеството се наплаќа 750 ден + 18%ДДВ. Учеството е бесплатно доколку не вршите продажба на Вашите производи и дела. Продажните презентации ќе бидат означени, Лабораториум се оградува од какво било посредување при продажба за време на настанот.


Работното време на поп ап изложбата:
вторник до сабота од 12-18ч од 23.07 – 1.08.2024.

Местење на изложбата:
вторник 23.07 од 9:00 до 11:00


Рок за пријаување:
сабота 20 јули 2024

Лабораториум и Лаб дизајн маркет не одговараат за оштетување или кражба на производите во работното време, препорачуваме да сте присутни или да назначите одговорно лице за нив. Вон работно време, халата е заклучена и безбедноста на производите и делата е загарантирана.

Вашето постојано присуство не е задолжително. За сите прашања и информации: lab.design.market@gmail.com

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …