Отворен новиот производствен погон на Виталиа

На самиот крај од успешната 2024 година, македонската компанија за здрава храна, Виталиа, го објави отворањето на новиот, современ погон за производство на барови. Свеченото отворање беше организирано на христијанскиот празник Св. Никола, во чест на именденот на директорот и основачот на компанијата, Никола Ветаџокоски.

Новиот погон претставува значајна инвестиција во автоматизацијата и модернизацијата на производниот процес, овозможувајќи зголемување на капацитетите и поголема флексибилност во производството. Во рамки на оваа инвестиција, набавена е и најсовремена опрема за производство на чоколадо, со што се отвораат нови можности за проширување и диверзификација на портфолиото на производи на Виталиа.


Со пуштањето во употреба на погонот, процесите на производство и дотур на сировини се целосно автоматизирани. Новата автоматска пакерка значително го забрзува и олеснува пакувањето, што придонесува за поефикасна продукција.

Виталиа е позната по својот широк асортиман на високо нутритивни производи, пред сè во категоријата на функционална храна, протеински и пробиотски производи, безглутенски производи и без додаден шеќер. Преку годините, компанијата стана синоним за здрава исхрана во Македонија и пошироко во регионот, задоволувајќи ги потребите за здрав оброк на различни целни групи од сите возрасти.


„Од своето основање, Виталиа е посветена на унапредување на свеста на потрошувачите за важноста на здравата исхрана и промена на навиките, како предуслов за долг, здрав и квалитетен живот. Отворањето на новиот погон за барови е уште еден доказ дека компанијата постојано се стреми кон иновации и одржување на статусот на современ пазарен лидер,” изјавија од Менаџментот на компанијата.


Со повеќе од 30 години водечка позиција во областа на здравата храна, Виталиа продолжува да вложува во иновации, подигање на свеста за правилна исхрана и градење на култура на здраво живеење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Ако сум жена, не сум коњ“ – Урнебесна комедија за љубовта, очекувањата и реалноста

Урнебесната комедија за љубовта, очекувањата и реалноста „Ако сум жена, не сум коњ“ на 13 …