Отворање на СИНЕДЕЈС 2022 со македонската премиера на играниот филм „Мими“


Нѝ причинува големо задоволство да го најавиме отворањето на 21 издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“ со македонската премиера на долгометражниот игран филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски, на 7-ми јули, четврток, на кровот на ГТЦ.
Под слоганот „Од високо подобро се гледа“ од 7 – 14 јули 2022,годинава фестивалот обединува повеќе од 50 филмови, а филмот „Мими“ кој е селектиран во SEE програмата ќе се натпреварува за една од наградите на „Синедејс“.

This image has an empty alt attribute; its file name is Mimi-4.jpg
Мими ги напушта своите родители, и болното минато од родното место, за да студира во Скопје. Ја запознава Сара – млада мајка со богат но насилен сопруг. Работејќи во киоскот на вујко ѝ, и како бебиситерка за Сара, Мими копнее по единственото што не може да го има – мајчинството.
Улогите ги толкуваат: Наталија Теодосиевска како Мими, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов и други.


This image has an empty alt attribute; its file name is Mimi-1.jpg
Даријан Пејовски е автор на сценариото по кое е снимен филмот, Дејан Димески стави свој потпис како кинематографер, сценографијата е на Игор Тошевски, Емилија И.Атанасовска – костимограф, Ива Куробаса – шминка и фризура, Александар Пејовски е автор на оригиналната музика, монтажата е на Владимир Павловски и дизајнот на звукот на Игор Поповски. Продуцент на филмот е Томи Салковски, а копродуценти се Дамир Терешак и Марко Јакимовиќ.

This image has an empty alt attribute; its file name is Mimi-2.jpg
Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио со Maximafilm од Хрватска и Gigglinggoatproduction од Црна Гора, и истиот е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора.
Годинешниот „Синедејс“ има многу изненадувања од домашната кинематографија сместени во различни селекции, но и богата ОФФ програма поврзана со македонската филмска индустрија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Откријте „Како размислуваат парите“ со новото издание на ТРИ од финансискиот експерт Никола Миланов

Финансиската дисциплина има клучна улога во успешното раководење со сопствените пари. Но луѓето најчесто постапуваат …