ОТВОРАЊЕ НА РЕТРОСПЕКТИВА БУЊУЕЛ (12. ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ)


Филозофскиот филмски фестивал, вечерва (19 мај), со почеток во 21 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката на С. Македонија ја отвора Ретроспективата Буњуел. На првата ретроспективна вечер ќе се одржи проекција на три краткометражните филмови на Луис Буњуел: АНДАЛУЗИСКИ ПЕС (1929), ЗЕМЈА БЕЗ ЛЕБ (1932) и СИМОН ПУСТИНИКОТ (1965).

Пред проекцијата, поздравни обраќања ќе имаат директорката на Филозофскиот филмски фестивал, Ана Дишлиеска Митова и амбасадорот на Кралството Шпанија во Скопје, Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија. По проекцијата е предвидено излагање на м-р Ернесто Хедереро дел Кампо (Шпанија) на тема: „Буњуел и шпанската култура“, како и дискусија со присутната публика.


This image has an empty alt attribute; its file name is Copy-of-belle_de_jour_keystill.jpg

Во рамките на РЕТРОСПЕКТИВАТА БУЊУЕЛ ќе бидат прикажани 9 филмови во 7 фестивалски вечери, односно Така, наредните денови во склоп на програмата на Ретроспективата ќе можат да се погледнат и филмовите: ВИРИДИЈАНА (1961), АНГЕЛОТ ИСТРЕБУВАЧ (1962), ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (1964), УБАВИЦАТА НА ДЕНОТ (1967), ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА БУРЖОАЗИЈАТА (1972) и ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА (1977). Секоја вечер е предвиден и соодветен вовед или излагање од еминентни професори или професионалци од областа на филмот, философијата, филм-философијата, уметноста, филмската критика итн. Па така, публиката ќе има можност да дискутира и со: Стојан Синадинов (филмски критичар и соработник на Кинотеката), Луис Мартин Ариас (професор по филм, историја на филм, комуникација и аудиовизуелна индустрија на Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија), Златко Ѓелески (писател и филмски, музички и книжевен критичар), Даријан Пејовски (македонски режисер), м-р Мариглен Демири (философ и активист), проф д-р Јасна Котеска (писателка, философ и редовна професорка по хуманистика на УКИМ).


Сите настани од РЕТРОСПЕКТИВАТА БУЊУЕЛ ќе се одржат во Кинотека со почеток во 21 часот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Деца на светот“ – Тажна Комедија која ја обработува емотивната тема за децата кои заминале во светот и нема да се вратат никогаш

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде …