Отворање на групната изложба „Професори и студенти“


Вечерва во галеријата на Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена групната изожба со наслов „Професори и студенти”.

На изложбата ќе бидат претставени дела од студентите, како и наставниот и соработнички кадар од повеќе државни и приватни факултети и академии од областа на визуелните уметности и дизајнот во Република Македонија.


Настанот има цел да стави акцент на широкиот спектар од наставни програми со кои располагаат приватните и државни универзитети во Македонија, да ја потенцира разликата меѓу нив, како и да ги актуелизира наставните потенцијали и квалитетот на нивните ученици со дела од областа која ја студирале. Изложбата, всушност ќе биде еден селектиран избор на веќе етаблирани, но и автори чијшто потенцијал допрва ќе се развива, уметници од различни генерации, сликари, графичари, фотографи, скулптори, илустратори но претставници од модниот дизајн и индустрија, кои посветено работат на полето на визуелните уметности години наназад.

Изложбата ќе биде отворена до 29 јуни.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Следува продор на многу поладен бран во Македонија кој носи ладно време, многу дожд и снег!

Територијата на нашата Македонија денес (четврток 15 мај) од попладневните и вечерните часови, како и …