Отворање на 5-от Театарски фестивал за деца „Силјан Штркот“ со претставата „Убавицата и Sверот“

Со изведбата на театарската претстава „Убавицата и Sверот“, денес во Народниот Театар-Војдан Чернодрински во Прилеп, со почеток во 12:00 часот, ќе биде отворен 5-от Театарски фестивал за деца „Силјан Штркот“.

„Убавицата и Sверот“ е класична бајка за трансформацијата што љубовта може да ја направи. Оваа приказна зборува за тоа како добродетелите и внатрешната убавина можат да го надминат надворешниот изглед. Приказна за тоа дека разбирањето може да го промени и најтешкиот карактер, па заедно со љубовта да го ослободат тоа што е заборавено или заробено.


Комбинирајќи вокална уметност, со театарска магија, Бел ќе ни покаже дека вистинската љубов доаѓа од срцето и дека секој има способност за промена и растење.

„Подолго време во нашиот град културата е насочена кон младите тинејџерите. Децата сите ги забораваат, ни се запоставени. Нашето чувство за немање културно издигнување на децата е јако. Со овој фестивал сакаме да ги пораснеме децата во сериозни театарски критичари кои ќе знаат да препознаат што е добро , а што не“, велат организаторите на фестивалот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната актерка Соња Михајлова

Соња Михајлова е родена на 14 октомври 1958 година во Битола. Таа е истакната македонска …