Вечерва во Македонски народен театар, со почеток во 20:00 часот ќе биде отворено 21-вото издание на најголемиот фестивал за современ танц во државата – ТАНЦ ФЕСТ.
Програма:
Настап на „UCSB“ танцовата компанија од Санта Барбара, Калифорнија, САД.
Доделување на наградата Менада за исклучителни достигнувања во полето на танцот на ѕвездата на Париската опера, Роксана Стојанов. Роксана Стојанов е угледна француско-македонска балерина која ја освои престижната титула Danseuse Étoile во Парискиот оперски балет на 28 декември 2024 година. Нејзината промоција уследи по волшебната изведба во насловната улога на Пакита од Пјер Лакот во Опера Бастилја, каде што на сцената раководството на операта го објави. Родена во Македонија во 1995 година, Стојанов почна да танцува на осумгодишна возраст пред да продолжи со обуката во Брисел. Таа влезе во Париската опера за балетска школа во 2007 година и се приклучи на Corps de Ballet во 2013 година. Нејзината кариера е обележана со постојан напредок: промовирана во Coryphée во 2016 година, Sujet во 2018 година и Première Danseuse во 2022 година. Награда за танц во 2020 година. Репертоарот на Стојанов вклучува водечки улоги во балети како Дон Кихот , Жизел , Силфид и Оревокршачка . Нејзините изведби се прикажани на Paris Opera Play, платформата за стриминг на Операта, нудејќи им на публиката шанса да ја види нејзината уметност во различни продукции.
Јубулејниот перформанс кој обележува 45 години уметничко творештво на нашата Рисима Рисимкин. Продукцијата на СКОПЈЕ ТАНЦОВ ТЕАТАР – Идентитети – Будење е третиот дел од трилогијата Идентитети, на кореографката Рисима Рисимкин, како завршница, по претставите под наслов Идентитети, од 2019 година и Идентитети – Историја на еден растегнат сон, од 2020 година. Во оваа трилогија, кореографката Рисимкин, ги истражува меѓучовечките односи и корелациите на воспоставените форми на однесување, стереотипите, како и распаѓањето и дисекцијата на овие воспоставени форми и односи. Идентитети – будење, се занимава со личните чувства, идентитетските слики и емоции на танчарите, преку длабока опсервација на интимното, со цел да го открие личното преку колективното.
Кореографија и режија: Рисима Рисимкин
Времетраење 40 минути.
Музика: Тони Китановски
Костими: Благој Мицевски
Дизајн на сцена: Матеа Мијановиќ
Настапуваат: Саша Ефтимова (к.г.), Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Стефани Шаршмит, Сара Димовска, Лука Ѓорѓиевски, Давор Милев, Илина Костова, Моника Шолевска, Нина Петрушевска, Теона Ѓуревска, Надја Луканова, Ивона Манасиевска, Елена Терзиева, Микаела Колцунова, Миа Петровиќ, Талиа Петров, Ече Ерол, Дора Пајдакова, Мила Анѓелова, Моника Ѓорѓиева, Јана Ѓоршоска, Ивана Ралев, Евгенија Павловиќ, Евгенија Симоновска.
Во претставата учествуваат солисти и првенци на Скопје танцовиот театар, гостинката од Националниот балет, Саша Ефтимова, како и студентие од Катедрата за танц од УГД и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Балетски оддел, современа насока.
Програмата на фестивалот се протега од 29ти Април до 13ти Мај 2025, а деталната програма можете да ја видите на веб страна: https://interart.com.mk/dance-fest-skopje/df2025/