Откриваме зошто „да сакаше ќе ти се јавеше“ не е секогаш добар совет


Следниот пат кога ќе сакате некому да му го дадете овој совет, размислете уште еднаш
Колку пати сте побарале совет од вашата пријателка што да правите ако момчето што ви се допаѓа не преземе иницијатива и не се јавува, а таа ви кажала: ако му е гајле, ќе направи нешто по тоа прашање или ако сакал ќе ти се јавел..? Можеби еднаш некому сте го дале истиот одговор. Ова може да биде добар совет, бидејќи во тој случај не го трошите вашето време на личност која наводно од самиот почеток не е доволно заинтересирана за вас. Сепак, не треба да бидеме исклучиви за ништо во животот, вклучувајќи го и ова.

Навистина би било идеално сè да биде вака едноставно, црно-бело. Сепак, тоа не е случај. Она што овој совет го изоставува е дека не секој маж е ист. Не сите припадници на посилниот пол се екстровертни и доминантни. Како што има повеќе срамежливи жени, има и мажи. Има и такви кои имаат изразена социјална анксиозност, па не знаат како да комуницираат со другите, особено со оние кон кои чувствуваат нешто повеќе.


This image has an empty alt attribute; its file name is brzinsko-polnenje-na-mobilen-telefon-1.jpeg

Општеството на мажите им ја наметна улогата на доминантна личност во врската. Се очекува тие да иницираат, први да се јават. Ова може да создаде дополнителен притисок за нив. Освен тоа, не секој го прифаќа одбивањето така лесно. Премногу негативни одговори може да имаат навистина негативен ефект врз самодовербата – тоа нема никаква врска со полот.
Исто така, она за што не се размислува доволно е колку моќ и одзема на жената, бидејќи таа само треба да седи и да чека да биде избрана. Не е до неа прва да му пише и да го покани на состанок, не е до неа да му пријде на концерт, прва да го бакне – тоа е машка работа. Жената не бира, таа е избрана.


Овој совет е оправдан ако некој не покажува интерес за вас или го искористува вашето внимание. Меѓутоа, доколку сте сигурни дека има искри и дека и се допаѓате на другата страна, заштедете време и направете го првиот потег. Немате што да изгубите, освен побрзо да дознаете на што сте.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Нарушени иднини“ – Самостојна изложба и перформанс „Распаѓање“ на уметницата Маја Зеќо

Сега со седиште во Абердин, Шкотска, делото на Зеќо користи стратегии од перформанс и звучна …