На Анџелина Џоли и Бред Пит им е понудена вртоглава сума доколку ги остават несогласувањата на страна и снимат нов филм заедно.
Имено, продуцентот Дени Роснер тврди дека е сериозен за својата понуда и дека собрал околу 60 милиони долари. Тој се надева дека оваа бројка ќе ја „примора“ поранешната двојка да ги закопа секирите.
Ова нема да биде лесна задача. Доказите за нивниот раскол беа видливи во септември оваа година, кога организаторите на филмскиот фестивал во Венеција морале да договорат прикажување на нивните филмови во различни денови.
View this post on Instagram
„Нема шанси да се сретнат на Лидо“, изјавил уметничкиот директор на филмскиот фестивал во Венеција, Алберто Барбера за Vanity Fair.
Роснер го открил заплетот на филмот во кој сака Анџелина и Бред да глумат. Станува збор за љубовна приказна сместена во хотелот „Мартинез“ во Кан. Бред ќе го глуми Емануел Мартинез, сопственикот на хотелот, а Анџелина неговата љубовница и муза Ема Дигард.
„Има љубовна сцена, која исто така е бурна. Мартинез имаше жена, но и љубовничка“, рече тој.
Фото: Принтскрин/Instagram