Откриено е што навистина се случува со Кејт Мидлтон откако завршила со хемотерапијата, а ФАНОВИТЕ СЕ НА НОЗЕ: ОГРОМЕН пресврт во Виндзор, „Ова е почеток на она што следува во наредните месеци“

Кејт Мидлтон води храбра битка со ракот од јануари оваа година. Принцезата од Велс на 9 септември објави дека нејзиниот циклус на хемотерапија е завршен и дека ќе продолжи да се грижи за своето здравје. Сега се откриваат нови детали за сопругата на принцот од Велс, кои се уште еден позитивен пресврт во приказната што светската јавност будно ја следи со месеци.
Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се вратила на работа за прв пат по завршувањето на хемотерапијата. Според Судскиот циркулар, официјалниот запис за активностите на кралското семејство, сопругата на принцот Вилијам се сретнала со членовите на тимот на нејзиниот Центар за ран развој и персоналот на палатата Кенсингтон во замокот Виндзор, поводот бил нејзиниот проект посветен за поддршка на раниот развој на децата, пишува The Telegraph.


„Принцезата од Велс, покровител на Кралската фондација на принцот и принцезата од Велс, одржа состанок во замокот Виндзор попладнево“, се вели во соопштението.
Нејзиното присуство го означува почетокот на враќањето на принцезата на работа и нејзините ангажмани во наредните месеци. Да потсетиме, Кејт Мидлтон на 22 март преку видео порака и соопшти на светската јавност дека и е дијагностициран рак. Тоа беше два месеци откако таа беше подложена на операција на стомакот во приватна болница во Лондон. До денес не е познато со каков вид на рак се борела.


Кејт Мидлтон, исто така, претходно, додека беше на хемотерапија, беше ангажирана во проекти посветени на раниот развој на децата, што е нејзина голема цел. Кога се чувствувала доволно добро, работела од дома и редовно била информирана за овој нејзин важен ангажман.


Тој проект испитува „како искуствата од раното детство често се основната причина за најитните социјални предизвици на денешницата, како што се зависноста, распадот на семејството, лошото ментално здравје, самоубиствата и бездомништвото“, се вели на официјалната веб-страница на кралското семејство.

Кејт Мидлтон со сопругот принцот Вилијам е посветена на борбата против бездомништвото во Велика Британија. Принцот од Велс имаше важни ангажмани на тоа поле во текот на летото.
Принцезата од Велс имаше два јавни настапи по јавното објавување на нејзината дијагноза за рак, за да го прослави официјалниот роденден на Чарлс III, на 15 јуни во Trooping the Color во Лондон и на Вимблдон на 14 јули.

Се очекува Кејт да присуствува на службата за поддршка на Денот на сеќавањето, 10 ноември. Таа планира да го одржи својот годишен концерт на песна во Вестминстерската опатија следниот месец. Другите ангажмани се уште не се потврдени. Кејт ќе ги извршува обврските „секогаш кога ќе може“, рекол изворот. „Таа би можела да има неколку ангажмани или значително помалку обврски“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната актерка Соња Михајлова

Соња Михајлова е родена на 14 октомври 1958 година во Битола. Таа е истакната македонска …