Germany Albania

#Останидома – Германската канцеларка од куќниот карантин порачува:„Ве молам , направете заеднички напор од срце, од љубов кон својот народ“ – ригорозни казни за сите кои ќе згрешат!

„Мерките кои ги воведуваме ќе бидат на сила најмалку две недели“, изјавила Меркел. Ќе биде во изолација најмалку две недели.
Германската канцеларка Ангела Меркел, од неделата вечер, е во домашен карантин, затоа што била во контакт со лице заразено со корона вирус. Откако претходно одржа прес-конференција и се обрати на нацијата, берлинскиот шеф на владата се повлече во изолација.
Според владиниот портпарол Стивен Сијберт, Меркел била во контакт со лекар во петокот, кој во меѓувреме на тестот за корона вирус бил позитивен. Како резултат, вчера консултациите меѓу канцеларката и премиерот на провинцијата, биле преку телефон а така и ќе продолжат во наредните недели.
Меркел издаде нови, уште поригорозни мерки во обид да ја намали што е можно повеќе наездата на вирусот корона што се’ повеќе ја зафаќа Германија. Според Институтот Роберт Кох, заклучно со неделата попладне заболени се повеќе од 30.000 лица, а починале 116. лица.


Од понеделник, според тоа, само на поединците ќе им биде дозволено да шетаат по улиците, исклучително, тоа може да го сторат две лица, но во никој случај не повеќе луѓе кои не припаѓаат на исто семејство. Овие мерки биле усвоени од федералната држава во договор со сите провинции. Членовите на едно семејство, кои сè уште можат да се движат заедно, се ослободени од правилата за бројот на собрани луѓе.
Големите градови, вклучително и првиот Фрајбург, практично „се зацементирани“, нема ниту влегување ниту излегување од нив. Во многу сојузни покраини е забрането движење по паркови и зелени површини, а катанецот е ставен и на детските игралишта.
Контактот е ограничен на домаќинства, а на отворено треба да се држи растојание од 1,5 метри, по можност два метри.
„Ве молам, направете заеднички напор сега“, ги повика канцеларката синоќа своите сонародници. „Направете го тој напор со срце, од љубов кон својот народ. Мерките што ги воведуваме ќе бидат во сила најмалку две недели, но уште сега објаснете си на себе дека може да трае многу подолго.
Меркел најавила остри казни за секој што ќе се огреши од пропишаното. Исклучоци нема да има“, ветила таа.


Во меѓувреме Ангела Меркел направила тест за корона вирус и ги чека резултатите.

ВАКЦИНА


Канцеларката на ГЕРМАНИЈА, Ангела Меркел, дошла во контакт со доктор заразен со корона вирус, бидејќи тој ја вакцинираше. Според британскиот БиБиСи, вакцината била против пневмокок, пневмонија предизвикана од бактерија, а тоа, во неделата, не било објавено во германските медиуми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната актерка и филмски продуцент Лабина Митевска

Лабина Митевска е родена на 11 октомври 1975 година во Скопје. Таа потекнува од глумечко …