Основното музичко и балетско училиште ги започнува уписите за учебната 2025/2026 година


Основното музичко и балетско училиште “Илија Николовски-Луј“ ги започнува уписите за учебната 2025/2026 година. Доколку вашето дете покажува љубов кон музиката или танцот, ова е вистинската прилика да го направи првиот чекор кон светот на уметноста.

МУЗИЧКИ НАСОКИ:


Деветгодишно:
• Пијано
• Виолина
• Виолончело
Шестгодишно
• Гитара
• Флејта
• Кларинет
• Саксофон
• Обоа
• Труба
• Хорна
• Хармоника
• Удирачки инструменти
Тригодишно
• Соло пеење
• Фагот
• Тромбон
БАЛЕТСКА НАСОКА:
• Класичен балет
Шестгодишно:
Ученици кои во учебната 2025/26 ќе бидат IV оделение (основно образование)
Кој може да се пријави?
Ученици кои во учебната 2025/26 ќе бидат од I до III одделение (основно образование) во деветгодишно,
Ученици кои во учебната 2025/26 ќе бидат од IV до VI одделение во шестгодишно и
Ученици кои во учебната 2025/26 ќе бидат од VII до IX во тригодишно
Што вклучува приемот?
• Тест за музички или ритмички слух
• Разговор со наставници и стручна комисија
• Танцовалност и предиспозиции за балет
Документи потребни за упис:
• Извод од матична книга на родени
• Потврда од редовното основно училиште(учениците кои ќе бидат прво одделение во учебната 2025/26 ќе донесат потврда веднаш по започнувањето на учебната година во септември 2025)
• Пријава (се пополнува на веб страната)
Рок за пријавување:
Од 15 април до 15 мај 2025 година
Приемен испит на: 19, 20 и 21 мај 2025 година.
Комисијата за време на аудицијата ќе ги вреднува музикалноста и ритмичката прецизност. Одлуката на комисијата ќе биде донесена со внимание и почит кон секој учесник и ќе се смета за конечна.
Важно: Ве молиме имајте предвид дека бројот на места е ограничен поради просторните услови.
Повеќе информации: http://dmbuc.edu.mk/upisi.htm

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …