Осмо издание на „Вози право, вози здраво“

Ги повикуваме сите граѓани на Скопје кои сакаат низ центарот на Градот слободно да ги возат своите велосипеди, ролерки, тротинети (електрични или обични), скироли и бебешки колички да ни се приклучат на најмасовното возење по улиците ослободени од автомобили. Настанот ќе се одржи на 2 јуни, недела со СТАРТ од 11 часот од Порта Македонија по што следува забава и лотарија на целта во Градскиот парк.

На целта во Градскиот парк, сите регистрирани учесници кои ги подигнале своите бројчиња и учествувале на трката ќе може да учествуваат во вредната лотарија и да се освежат со вода, сладолед и грицки.


За доброто расположение на присутните ќе се погрижат 5+фамилија, Крафт продукција како и водителите Дени, Марко и Цако.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најдете рамнотежа – Одредена храна може да предизвика забрзано стареење, намалете го внесот на овие намирници

Храната што ја консумираме секојдневно игра важна улога во нашето тело, а некои од нив …