Осмо издание на Скопски вински салон – Винодонија 2024

Во препознатлива елегантна и опуштена атмосфера Винодонија 2024 ќе се одржи на 13-ти и 14-ти Декември во главната сала на хотел Мериот каде што како и секогаш ќе можете да ја споделите вашата винска страст, но и знаење и искуство.

Работното време на салонот во двата дена ќе биде од 15:00 до 21:00 часот.


Винодонија повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и трпеливо ќе ги очекуваат вашите коментари, критики и пофалби, но исто така место и прилика да се истражи и дегустира странската винска сцена која што во последната година значително порасна во Република Македонија и се збогати со нови вински брендови и стилови од Италија, Франција, Хрватска, Србија, Германија, Португалија и Шпанија.

Винодонија продолжува да расте во престижен и квалитетен настан на кој што виното го покажува својот сјај и уникатност и ни покажува зошто тоа отсекогаш било дел од македонскиот културен идентитет.


Картите за Скопски вински салон – Винодонија 2024 ќе бидат во ограничен број, па препорачуваме да си ги купите однапред онлајн по цена од 1,000.00 ден за секој ден посебно, а еден мал дел ќе може да се купат и на самиот влез пред почетокот на настанот, но по цена од 1,200.00 ден.

И овој пат, дојдете на осмата Винодонија и споделете ја Вашата винска страст со останатите вински љубители.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лузна на носталгија – Балканците ја споделија фотографијата на Меланија Трамп поради еден детал: „Печат на Југославија“

Балканците на социјалните мрежи споделуваат фотографија од инаугуративниот бал, на која се гледа како Меланија …