Осмо издание на манифестацијата „Не е се во брзината“ – Бавната трка од едуктивен карактер којa има за цел да ја подигне свеста на сите учесници во сообраќајот


Денес , со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи осмото издание на манифестацијата „Не е се во брзината“. Главната точка на оваа манифестација е бавната трка од едуктивен карактер којa има за цел да ја подигне свеста на сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, укажувајќи на потенцијалната опасност од управување со голема брзина, а истата е организирана од Мото Клуб Вепар веќе 8 години.

Трката ќе се одвива во 4 категории и тоа:
– Мотоцикли до 50 цм3
– Мотоцикли од 51 до 500 цм3
– Мотоцикли од 501 цм3 до 1000 цм3
– Мотоцикли поголеми од 1000 цм3


Трката ќе се одвива на начин на кој истовремено ќе се натпреваруваат по двајца учесници по систем на елиминација
– Победникот продолжува со натпреварување;
– Победник е оној кој поспоро ќе стигне до целта.*
За победниците следат и награди!

Правила:
– Учесникот не смее да испадне од одбележаната траекторија;
– Учесникот не смее да допре со нога на земја (со самото допирање се елиминира од трката);
– Учесникот кој последен ќе ја помине целта е победник.
Сите заинтересирани за учество во мото трката Бавна Трка Vol. 8, можат да се пријават на штандот пред патеката во просториите на клубот, помеѓу 10:30 и 11.30 часот на денот на настанот.


Агенда:
– 10:30-11:30 часот– ПРИЈАВУВАЊЕ
– 12:00 часот– Официјално започнување на трката
– 14:00 часот– Почеток на забавна програма со музика, скара, пивце и дружба.
– 19:00 часот– Затварање на настанот.

Учеството е бесплатно.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОЧИНАЛ СЛАВЕН ОСКАРОВЕЦ: Ќе биде запаметен по иконските филмови што ги режираше и напиша сценарио

Добитникот на Оскар, режисер и сценарист Роберт Бентон починал во недела на 92-годишна возраст. Добитникот …