Оскаровска Гала Вечер – гала концерт во Националната Опера и Балет

Во пресрет на 96. доделување на наградите Оскар, во Националната опера и балет во среда 28.02.2024 година со почеток во 20.00 часот ќе се одржи првата Оскаровска гала вечер.

Најубавите филмски песни наградени со Оскар ќе ги изведат врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар.
Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев.Концерт мајстор е Верица Ламбевска, светло мајстор е Милчо Александров.


Низ ова незаборавно филмско – музичко патешествие ќе ве води долгогодишниот коментатор на Оскаровскиот пренос, Миланка Рашиќ.

Дел од учесниците кои ќе настапат на сцената на Националната опера и балет се Весна Ѓиновска-Илкова, Наде Талевска, Андријана Јаневска, Маја Гроздановска Панчева, Ана Петановска, Ана Мицковска, Тамара Раѓеновиќ (Црна Гора / Англија), Игор Дурловски, Горан Наумовски, Даниел Данн, Христијан Тоневски, Денис Димоски.


Балетска солистичка двојка од Национална опера и балет Ендру Кук (Англија) и Саша Евтимова Танцова двојка од ТСК Ритам плус, Андреј Димоски и Ангела Спировска.

Во манир на најблескавата филмска ноќ, настанот ќе започне со Црвен тепих во 19:30 часот.


Бидете дел од гламурозната прослава на филмската магија и уживајте во песни кои низ годините станаа големи светски хитови и се дел од историјата на седмата уметност.

Билетите можете да ги набавите на билетарницата на НОБ или онлајн на www.operabalet.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …