Општина Кисела Вода ја продолжува возобновената традиција за положување на Светиот Крст во водите на базенот „Расадник“

Општина Кисела Вода ја продолжува возобновената традиција за положување на Светиот Крст во водите на базенот „Расадник“. Настанот ќе се одржи во недела на 19-ти јануари 2025 година.

Манифестацијата ќе започне од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30 часот, од каде со Богојавленска литија, верниците и свештенството ќе се упатат кон базенот во Расадник. Осветувањето на водата и положувањето на Светиот Крст ќе се случи во 11:00 часот.


За најсреќниот учесник што ќе го извади Богојавленскиот Крст од водите e предвидена парична награда од градоначалникот на општина Кисела Вода, но и награди обезбедени од спонзорите.

Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до сабота (18.01., 18 часот) на телефонскиот број: +389 78207687 (Далибор). Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба.


Браќа и сестри, ве поканувам сите да земеме масовно учество на овој преубав настан, на Богојавленската литија и да бидеме дел од продолжувањето на нашата возобновена традиција, сплотени и духот на христијанските вредности да си го прославиме овој убав и голем празник, се вели во објавата на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Никола Џими Петровски: За фушерајот и кратењето ќошеви, вниманието насочете го на друго место, пошто верувајте музичарите не си идат дома со тие екстра пари

Љубовта кон музиката и нејзиното споделување со публиката пред се е тоа што не води …