Оливера Ширговска: Mи недостига…

Она време во кое дождот ја покриваше прашината на улиците без асфалт. Кога си идевме од училиште пешки во црната темница,често немаше струја, ама ние бевме силни и храбри ,сите заедно целиот клас . Се испраќавме до пред куќа. ..
Ми недостига она ќесенце со ситни пари и црвените лакирани јаболчиња кај чичко Бране, ги купувавме до последното цела кошница , а чинеа еден денар .
Ехх! ..Да може да се врати времето..
Каде замина сета таа добрина и љубов ?…Кога немаше ни грам завист, мајките ни беа исти,бабите со шамии и плетала, татковците на работа …
Ама пак затоа кога ќе засвиреше гајда се знае …Сите до еден на оро , и комшиите…Еј !…Свадба се прави ,зетот ќе го бричат, невестата фустанот ќе го чека…Да го донесат …
Црвена на лице, насмеана , фризура тетките ја правеле, ја шминкала сестра и, ама затоа пак среќата се чита во погледот … И ќе си заигра во прашината во кругот кај комшиите …И пет пари не дава зошто сандалите се со прашина …
Цел ден музика, а сватовите ручаат под лозницата , после ручек торти домашни со ореви и пудинг од малини ..И сега го чувствувам тој мирис… Ми се чини се враќам километри назад во детството, каде што навистина се живееше…Со прашината и калта на нозете, но со насмевки и среќа во погледите…Време во кое среќата со пари не се купуваше, ниту пак за пари се живееше…Оливера Ширговска

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Театарската комедија „Власт“ утревечер во Театар Штип

На 29 февруари 2024 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, на сцената на штипскиот …