Оливер Драгојевиќ се подготвува за враќање на сцената

Омилениот хрватски пејач, но и миленик на многу генерации во регионот, е истраен во лекувањето. Концентиран на опоравувањето и размислува позитивно. За две недели ќе го има првиот настап по востановувањето на дијагнозата…
На Оливер во почетокот на август, откако му се слошило на погребот на блискиот пријател и музичар Реми Казиноти, му дијагностицирале тумор. Дотогаш се чувствувал многу добро, дури и одлично.
Оливер Драгојевиќ (69) го гледаат во сплитската болница каде после дијагнозата на тумор на плуќа започнал со лекување. Пејачот не барал никаков посебен третман па го среќаваат како трпеливо чека на свој ред кај лекарот како и останатите пациенти.
Некои го гледале како по неколку часови се задржува во болницата поради што мислеле дека е задржан на лекување, но пејачот е на домашна нега. И’, покрај болеста познатиот музичар се враќа на сцената.

Неустрашлив: Оливер рекол дека е позитивен и дека верува дека се’ ќе биде во ред


Во сплитскиот ХНК на 15. октомври е најавен неговиот настап, со Џибони, Теди Спалато и Маријан Бан. Концертот под наслов „Верувај во љубов“ го организирала општинската лига против рак по повод 50. годишнината на хуманитарна работа.
Како што вели Теди Спалато, не се слушнал со Оливер бидејќи не сакал да го вознемирува. Спалато, како и останатите изведувачи и организатори на концертот ја почитувал желбата на Оливер за приватност.
„Се собра вистинска сплитска екипа која се покажа одговорна во општествените активности кога станува збор за хуманитарни концерти. Ова ќе биде посебен концерт, со многу емоции. Тоа е продолжување на приказната од пред десет години кога истата екипа се собра на Прокуратива за изградба на Центарот за онкологија во сплитската болница“ вели Томо Мрдуљаш, продуцент на концертот.

                           Не се откажува од настапот: Ќе настапи со својот бенд


На Оливер во почетокот на август, откако му се слошило на погребот на блискиот пријател и музичар Реми Казиноти, му дијагностицирале тумор. Дотогаш се чувствувал многу добро, дури и одлично.Оливер ова лето се одморал во семејната куќа на Корчула.
„Енергијата ми е нормална, не се плашам. Болеста си е болест, секој пати на свој начин и се бори да истрае и да турка понатаму“ рекол Драгојевиќ во почетокот на септември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …