Одмазда на актерот, ги тужи сите кои поднеле пријави против него: Алек Болдвин изнел шокантни тврдења за криење докази

Актерот Алек Болдвин поднел тужба поради „прогон и кршење на граѓанските права“
Само еден месец откако беше ослободен од обвинението за ненамерно убиство на снимателката Халина Хачинс на снимањето на „Rust“, ​​Алек Болдвин поднел тужба за „злонамерно прогонство и кршење на граѓанските права“ против сите вклучени во кривичната пријава против него.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Brett Ashley McMillan | All A Woman Needs Is Herself (@thebrettashley)


Во тужбата се наведува дека обвинителите задржале докази кои би го ослободиле Болдвин и дека „на секој чекор барале жртвено јагне за злонамерно да ја покренат осудата на актерот“.
Тој тврди дека специјалната обвинителка Кари Морисеј и окружната обвинителка Мери Кармак Алтвис биле „заслепени од нивната желба да го осудат Алек Болдвин поради погрешни причини“.
Во изјава за новинската агенција PA, Морисеј рекла дека „тимот од 2023 година дознал дека г-дин Болдвин има намера да покрене граѓанска тужба за одмазда – со нетрпение го очекуваме нашиот ден пред судот“.


Болдвин ослободен од обвиненијата
Кривичниот случај против актерот Алек Болдвин за фаталното пукање на сетот на филмот „Rust“ во 2021 година заврши на крајот на минатата година.
Болдвин беше ослободен од обвинението за убиство од небрежност. Судијката Мери Марло Сомер го отфрли обвинението во јули, велејќи дека обвинителството и полицијата не успеале да го докажат потеклото на куршумот што ја уби Халина Хачинс. Хана Гутиерез, одговорната за оружјето на сетот, е осудена на 18 месеци затвор затоа што по грешка ставила вистински куршум што Болдвин го користел за време на снимањето.


Морисеј ја обжали одлуката на судот за отфрлање на обвиненијата за ненамерно убиство. Болдвин пукал затоа што мислел дека е пиштолот е реквизит, убивајќи ја снимателката и ранувајќи го режисерот Џоел Соуса.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Ако сум жена, не сум коњ“ – Урнебесна комедија за љубовта, очекувањата и реалноста

Урнебесната комедија за љубовта, очекувањата и реалноста „Ако сум жена, не сум коњ“ на 13 …