Одлична забава на првата вечер на фестивалот „Џојфест“

Одлична забава и атмосфера владеше на плоштадот во Крива Паланка на 11-от музички фестивал “Џојфест”, со настапот на “Конкверинг лајон” како увертира во вечерта за паметење и неповторливите “Суперхикс”.Најдобрата македонска реге, латино и ска – панк група, “Суперхикс”, на плоштадот во Крива Паланка пееше песни од најновиот албум, но и познати рефрени од трите децении постоење на македонската музичка сцена, а разиграната публика во еден глас ги пееше со нив.

Покрај бројната публика во “Градот на културата” на првата вечер од “Џојфест” беше и Ана Блажеска, најголемиот фан на “Суперхикс” која досега нема пропуштено концерт на омилените изведувачи што ја испеаја и песната “Ана”, како и сите други песни што направија незаборавна забава во Крива Паланка, најавувајќи одлична журка и на втората фестивалска вечер, со бројни изведувачи за љубителите на добрата музика и настапот на Калиопи.


“Суперхикс” годинава одбележуваат тридецениска музичка историја со стотици концерти, незаборавни концерти, турнеи и незаборавни настапи .

Фестивалот е дел од програмата на “Крива Паланка – Град на културата” и “Кривопаланечко културно лето”, а се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија и “Булмак 2016”, со логистичката поддршка од Општина Крива Паланка.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Пет тивки знаци на проблеми со срцето кои не треба да ги игнорирате

Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум …