„Ode of joy“- нов сингл на Хејз

Ode of joy е новиот сингл на Хејз (Haze), 5-ти од албумот Afterlife. Претходно се престави со Afterlife, Stargazing, Heaven и Сенки.
Ненад Тодоровски е познат на македонската јавност под псевдонимот Хејз (Haze), под кој работи како музички продуцент и диџеј. Зад себе има повеќе проекти преку кои има  издадено повеќе од 20 синглови и ремикси. Има соработувано со Бобан Апостолов (naBBoo), Brass Brothers, Cyrillic, Galoski, Iwayo, Викторија Лоба и многу други.

Синглот Ode of Joy кај 26.09 беше претставен на јавноста на 26.09.2024 преку македонската издавачка куќа Cafe De Anatolia која во моментов важи за една од најдобрите издавачки куќи позната по комбинацијата на модерна електронска музика со традиционална музика од Балканот и Блискиот Исток.


Основана е во 2017 година од Зоран Илиев (познат под псевдонимот Billy Esteban), неговата ќерка Моника Илиева и синот Никола Илиев). Cafe De Anatolia има добиено 31 награда на видео платформата YouTube – 3 златни плакети за над милион претплатници и 28 сребрени плакети за над 100.000 претпланици.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат пејач на народна музика и автор на безвременските „Ти донесов млада невеста” и „Тинке Катинке” – Ристо Краповски

Ристо Краповски е роден на 11 февруари 1950 година во Скопје. Тој е познат македонски …