Одбележување на светскиот настан Дарежлив вторник во Лабораториум

Денес, во „Лабораториум“ со почеток во 18:00 часот, по трет пат во нашата земја ќе се одбележи светскиот настан Дарежлив вторник.

Настанот е со хуманитарен карактер и има за цел да ја подигне свеста на младата популација во нашата земја за важноста на реупотребата на користената облека и аксесоари, истовремено поттикнувајќи ги на филантропија и дарување – да се помогне на оние лица во нашите заедници на кои им е најпотребно.


Што ве очекува:
Штандови со облека од втора рака, аксесоари, рачно изработени плетени производи;
Работилница за изработка на накит; работилница за преработка и печатење на стари текстилни парчиња; цртање со к’на.
Одберете си интересно парче/парчиња облека, аксесоари или земете учество во некоја од креативните работилниците, а за возврат оставете донација во донациска каса (секоја организација изложувач ќе има своја донациска каса, одбележана со името на организацијата и наведена цел за која се собираат средставата).

Втората рака не е само тренд, туку и одговорен начин на шопинг, кој ја поддржува оддржливоста и дава можност за индивидуален израз на стилот! Да го намалиме отпадот од текстил и да ги менуваме навиките за купување-да купуваме одговорно, да не фрламе туку да реупотребуваме, да иновираме и да даваме нова примена.


На своите штандови ве покануваат:

Здружение Центар за социјални Иницијативи НАДЕЖ-Скопје.
ЦСИ НАДЕЖ собраните донации ги наменува за обезбедување бесплатна едукативна поддршка и здрава хранлива закуска за 15 дечиња на предучилишна возраст, од семејства со низок социо економски статус, кои го посетуваат Едукативниот Центар НАДЕЖ.


Здружение на граѓани за промовирање и зачувување на културните и духовните вредности-Легис, Скопје.
Собраните донации од овој настан се наменети за дирекна поддршка на жени кои ќе изложуваат свои рачни изработки и со дел од средствата Легис ќе обезбеди хуманитарни пакети на нашите сограѓани во висок социјален ризик.

Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе – ОТВОРЕНА ПОРТА.
Отворена порта сите собрани средства ги наменува за потребите на жртвите на трговија со луѓе, кои се сместени во Центарот за жртви на трговија со луѓе.

ХОПС- Опции за здрав живот Скопје.
Собраните средства од настанот ќе бидат наменети за поддршка на online работилница за едукација на родители, насочена кон подигнување на свесноста за предизвиците поврзани со употребата на дроги меѓу младите.

Центар за младински активизам КРИК, Скопје.
ЦМА КРИК собраните средства ќе ги искористи за набавка на материјали потребни за работа во Центарот за окупациона терапија.

Здружение за едукативен развој Еквалис, Скопје.
Собраните средства ќе бидат употребени за активности за поддршка на млади лгбти+ лица.

Да го прославиме овој Дарежлив Вторник заедно во духот на добродушноста и дарувањето-бидејќи и добрите дела заслужуваат свој ден

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …