Од 8 до 13 август 2024 во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2024

Од 8 до 13 август 2024 г. по 16 пат во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2024„ на која ќе учествуваат уметници од земјава и од странство.

-И годинава уметниците ќе работат на слободна тема. Очекуваме да се создадат нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот, а претставување ќе има и во повеќе градови низ Македонија- вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.


На колонијата ќе творат Петја Ѓеоргиева од Бугарија, Небојша Станков, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ, Немања Вучковиќ од Србија, Радица Лелова, Александар Таневски, Светлана Попова, Суарта Луфи, Ангел Коруновски, Валентина Стеваноска и Слободан Милошески од Македонија и прилепчаните Тони Чатлески Никола Димески, Марјан Стојаноски, Столе Дурланов.

Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура, а досега збирката на слики и скулптури создадени на колонијата надминува бројка од 400 дела.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Мултимедијална изложба на нашиот млад графичар Стефан Јакимовски

Денес, во ЛУ Градски Музеј Крива Паланка, со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена …