Од 27-29 јуни ќе се одржи третото издание на „Охрид Вино Фест“

Од денес до сабота на Кеј Македонија односно пред хотелот Палас во Охрид, ќе се одржи „Охрид Вино Фест 2024“.

Во третото издание на овој фестивал ќе може да уживате во извонредни вина, вкусна храна и жива музика во прекрасното окружување на Охрид.


На настанот е предвидена и богата музичка програма.

Денес настапуваат: Backdoor Band, Миле Кузмановски и Куку Леле


Во петок (28 јуни) ќе уживате во настапите на: Urban Planet, Next Time и Brass Brothers.

На 29 јуни третиот фестивалски ден ќе биде заокружен со настапите на: Балканикос, Ареа и Влатко Лозаноски.


Бидете дел од оваа незаборавна прослава на виното и културата!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Велес почнува Театарскиот фестивал „5РЕ“ посветен на доајенот Петре Прличко

Денес, токму на Светскиот ден на театарот 27 март, започнува четвртото издание на фестивалот посветен …