Од 26 до 29 јуни денови на португалската кинематографија во Кинотека

Во дигитален формат е понудата на неколку филмови од португалската кинематографија. Се работи за ремастирани копии на општествено ангажираните, неколку децении стари филмски творби. Ова е несекојдневна прилика да се видат вакви филмови, што бездруго и е повеќе од потребно на нашата кино публика. Потребно е да се проследат и продискутираат делата на кинематографиите кои не ни се многу познати.

Овие филмови се речиси непроценлив историски документ, создадени во центарот на турбулентните настани во тогашната Португалија. Тоа се и своевидни манифести за односот меѓу киното и политиката, за самиот медиум на филмот, не само како обичен набљудувач на настаните туку пред сè како активен учесник во револуционерниот чин.


26 ЈУНИ (СРЕДА) 20:15ч
ОРУЖЈЕ И ЛУЃЕ
(As Armas e o Povo)
Документарен филм, Португалија
1975, 78 мин., колор, ДЦП
Режија: Колектив на работниците за кинематографската дејност (Colectivo dos Trabalhadores da Actividade Cinematográfica)

27 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК) 20:15 ч.
ТРАС ОС МОНТЕС
(Trás-os-Montes)
Игран филм, Португалија
1976, 111 мин., колор, ДЦП
Режија: Антонио Реис, Маргарида Мартинс Кордеиро (António Reis, Margarida Martins Cordeiro)

29 ЈУНИ (САБОТА) 18:00 ч.
МАСКАРАС
(Máscaras)
Документарен филм, Португал
1976, 110 мин., колор, ДЦП
Режија: Ноемиа Делгадо (Noémia Delgado)
Сценарио: Бенјамин Переира, Ернесто Веига де Оливеира (Benjamim Pereira, Ernesto Veiga de Oliveira

29 ЈУНИ (САБОТА) 20:15 ч.
БЕГАЛЕЦ
(A Fuga)
Игран филм, Португалија
1978, 110 мин., колор, ДЦП
Режија: Луис Филипе Рока (Luís Filipe Rocha)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …