Од 13-15 септември по втор пат ќе се одржи меѓународниот младински фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП“

Претстојниов викенд (13-15 септември 2024) на спортските терени во Марино и Кадино, по втор пат ќе се одржи меѓународниот младински фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП 2024”.

И годинава оваа врвна спортска манифестација е во организација на Фудбалска школа ГРОЗДАНОСКИ , а под покровителство на ОПШТИНА ИЛИНДЕН .


На овој меѓународен фудбалски турнир ќе учествуваат околу 160 познати европски, балкански и македонски клубови, во 6 старосни генерации, каде учество ќе земат повеќе од 2000 деца од кои 700 ќе бидат од странство. Дел од екипите кои ќе настапуваат на овогодинешното издание се: RSC Anderlecht, VA Beerschot, MSOU Academy (Belgium) FK Partizan, FK Crvena Zvezda, FK Vojvodina, FK Radnicki NIs, FK Cukaricki, FK Rad Beograd, FK Spartak Subotica (Serbia) FC Rapid Bucharest (Romania), FK Vardar, FK Pelister (Macedonia), FC CSKA Sofia, Nacional Sofia, Botev Plovdiv (Bulgaria) Academy Bengaluru (India), Rockdale Ilinden (Australia), Eagles Academy (England) и многу други.

Сите љубители на фудбалот ги очекува интересен викенд исполнет со натпревари, забава и дружење.


Ве очекуваме!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со проекција на играниот филм „Дете од војна“ започнува „Недела на романски филм“ во Кинотека

Од 14-18 октомври во Кинотека на Македонија ќе се одржи „Недела на романски филм“, во …