Обрнете внимание – Ова е најчестата навика што уништува многу љубовни врски


Во многу врски, партнерите сакаат рамнотежа, а експертите истакнуваат дека стремежот кон целосна еднаквост лесно може да се претвори во суптилно следење на тоа кој што направил и колку дал во врската.
Психологот Марк Траверс издвоил два начина на кои водењето евиденција уништува многу модерни врски.
Како што тврди тој, задоволството од врската се намалува кога еден од партнерите почнува да обрнува поголемо внимание на рамнотежата помеѓу давањето и примањето.
„Тој ефект не бил привремен, дури и две години подоцна, паровите кои биле присутни со „сметководство“ за придонесите покажуваат пониско ниво на задоволство. Следењето кој направил повеќе за врската ја уништува врската со текот на времето и создава чувство на напнатост и исцрпеност“, рекол тој.


Траверс истакнува дека повеќето парови спонтано престануваат да ги бројат заслугите еден на друг со текот на времето.
„Како што врските созреваат, партнерите сè повеќе сфаќаат дека љубовта станува поедноставна и поисполнета кога престануваат да очекуваат надомест за секоја нивна акција. Со текот на годините, потребата постојано да се докажува кој дава повеќе се намалува, а подготвеноста искрено да се грижи расте“, рекол тој.
Тој тврди дека луѓето кои се држат до навиката да водат евиденција долго време, честопати стануваат сè понезадоволни. Таквиот пристап неизбежно води до замор и огорченост бидејќи ја претвора врската во постојана споредба и натпревар.
„Кога таа динамика не се менува, со текот на времето ја губите спонтаноста и топлината, што е токму она што ја прави врската блиска и природна“, вели Траверс.

Фото: Pixabay


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Горда на себе – Ѕвездата на OnlyFans објавила колку заработила за две години: Милиони на сметката

Ѕвездата на OnlyFans, Софи Рејн, која тврди дека е невина, открила дека заработила повеќе од …