Објавени добитниците на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин“, на седницата одржана на 15.11.2024 година, донесе Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија.

За остварување во областа на публицистиката, државната награда ја делат: Иван Антоновски, публицист и Делвина Крлуку, публицист.


Државната награда за остварување во областа на новинарството ја делат: Атанас Костовски, новинар и Љупчо Јолевски, новинар.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2024 година (сабота) во 10:30 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3 изјави кои ги кажуваат само нарцисите и што всушност значат: Внимавајте бидејќи зад комплиментите се крие нешто сосема друго

Ајде да погледнеме неколку примери на реченици кои често ги кажуваат нарцисите, со објаснување за …