Објасниле експерти – Како честото јадење ултра-преработена храна влијае на вашето тело


Иако консумирањето ултра-преработена храна може да изгледа како добра идеја ако немате многу време за готвење, треба да ја избегнувате бидејќи може да предизвика сериозни последици.
Ултра-преработената храна и пијалоци вклучуваат: замрзнати оброци, засладени житарки, инстант супи, овошни јогурти, месо одгледувано во лабораторија, сладолед, чипс, бисквити, безалкохолни пијалоци…

Нутриционистката Лили Килинг за Metro.co.uk изјавила дека овие намирници предизвикуваат нагло зголемување на шеќерот во крвта и повторно го забрзуваат чувството на глад. Губиме енергија и никогаш не сме задоволни. Оваа практика води до прејадување. Нутриционистката Кери Бисон вели дека зголемувањето на внесот на шеќер, сол или кофеин може да ве натера да помислите за секунда дека овие намирници се добри за вас.


„Состојките во овие намирници можат да дејствуваат врз процесот на чувство на награденост во нашиот мозок, стимулирајќи го ослободувањето на невротрансмитери како допамин што нè прават да се чувствуваме добро. За жал, овие ефекти се краткотрајни и наскоро почнуваме да се чувствуваме уморни и троми“, објаснила таа.

Панкреасот е под притисок за да произведе доволно инсулин за да се справи со целиот внес на шеќер, а натриумот го зголемува крвниот притисок и предизвикува задржување на вода.


Исто така, ќе има проблеми со цревниот микробиом, бидејќи шеќерот го поттикнува растот на штетни бактерии. Ќе се чувствувате подуени и ќе имате лошо варење.

Колку повеќе консумирате од овие намирници, толку поизразени ќе бидат вашите проблеми со спиењето. Се подразбира дека ултра-преработената храна доведува до зголемување на телесната тежина. На крајот, ќе страда вашето ментално здравје.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворена регистрацијата за „Вози право, вози здраво“ vol. 9, најмасовниот вело настан на скопските улици

Дојде периодот од годината познат по најмасовниот и најзабавниот настан на тркала, „Вози право, вози …