НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп: Самостојна изложба на слики „МОИТЕ СОНИШТА НА МОНУМЕНТАЛНИ ПЛАТНА“ од академскиот  уметник Кирил Гегоски – Гегата

На 23 декември 2022 /петок/ од 19.00 во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена самостојната изложба на слики „МОИТЕ СОНИШТА НА МОНУМЕНТАЛНИ ПЛАТНА“  од академскиот  уметник Кирил Гегоски – Гегата.

            Изложбата на Гегоски е последна што ја реализира ЦК „Марко Цепенков“ во рамките на Годишната програма за работа за 2022 во ликовната дејност.


            Викторија Димеска, историчар на уметност за изложбата:

            „Изложбата „МОИТЕ СОНИШТА НА МОНУМЕНТАЛНИ ПЛАТНА“  претставува најнов циклус од творештвото на академскиот уметник Кирил Гегоски – Гегата. Негувајќи го долгогодишниот интерес за пејзажот уметникот создава апстрактно-асоцијативни содржини инспирирани од природата. Различната интерпретација и односот кон формата претставува  особеност во творештвото на уметникот. Па така, пејзажните структури и редуцирани форми се преобразуваат во женски акт. Линијата дополнително ја дефинира формата и го засилува карактерот на композицијата. Монументалните димензии на сликарски платна кои го сочинуваат неговиот најнов циклус,  претставува уште една раритетна одлика со која се разликува и се надополнува творечкиот опус на уметникот“.


            КРАТКА БИОГРАФИЈА

Кирил Гегоски е роден во 1944 година во Прилеп. Завршил средно уметничко училиште генерација 1959/1964 година во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1968 година. Во во текот на 1979 година студиски престојувал во Париз, потоа во Италија, Грција, СССР, Франција и Полска. Во текот на својата богата творечка кариера има реализирано над 23 самостојни и над 30 групни изложби во земјата и странство.


Кирил Гегоски е учествувал на многу домашни и интернационални сликарски колонии, а за своето творештво е наградуван многукратно.

Групни изложби:
1968-2019 Повеќе од 200 групни изложби во земјата и странство

Самостојни изложби:
1971-2005 27 самостојни изложби во Прилеп, Битола, Скопје, Ниш, Белград, Карловац, Изола и др.
1973 Скопје, Центар за информации и култура
1979 Скопје, Ликовен салон на ДЛУМ
1983 Земун-Србија, Галерија “Пинки”
1986 Карловац-Хрватска, Галерија”Зилик”
1988 Скопје, Салон на ДЛУМ
1991 Ниш-Србија, Галерија “Мија Станимировиќ”
1992 Скопје, Музеј на современа уметност
1996 Прилеп, Центар за култура
2005 Битола, Уметничка галерија

Награди:
1976 Пиран, Словенија “EX tempore”
1979 Прилеп, Награда за ликовна уметност “29 Ноември”
1982 Скопје, Награда за графика на НУБ “Климент Охридски”
1984 Скопје, Награда за графика на ДЛУМ “Моша Пијаде”
1998 Скопје, Награда за цртеж на ДЛУМ “Никола Мартиновски”
2001 Скопје, Награда за графика на ДЛУМ
2003 Скопје, Откупна награда за графика на ТВ Телма

2022 Прилеп, Награда за животно дело – златна плакета „3 Ноември“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на доајенот на македонското радио и телевизиско спикерство Иван Антонов

Иван Антонов е роден во село Ума, Гевгелија, на 01 мај 1924 година. Тој беше …