Обемот на половината е показател дали сте изложени на поголем ризик од дијабетес тип 2, висок крвен притисок, висок холестерол и срцеви заболувања. Се што ви треба за да го измерите кројачки метар.
– Ставете ја мерната лента на врвот на коската на колкот, а потоа завиткајте ја околу телото, во линија со папокот. Погрижете се да не е премногу тесно и да е рамно, дури и одзади. Не го задржувајте здивот и не го вовлекувајте стомакот додека мерите. Неколку големи студии покажаа јасна врска помеѓу абдоминалната дебелина и поголем ризик од висок крвен притисок, висок холестерол, срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Ова важеше дури и за луѓето чиј индекс на телесна маса (БМИ) беше на ниво кое се смета за здраво, објаснува Јасна Вујичиќ, виш диететичар-нутриционист.
Што е висцерална маст?
Дел од маснотиите околу стомакот е она што се нарекува висцерална маст, која го опкружува црниот дроб и другите органи во абдоменот. Овој тип на масти е метаболички активен, ослободувајќи масти, хормони и други воспалителни хемикалии во крвта. Се смета дека ова постојано воспаление игра улога во многу хронични болести, вклучително и срцеви заболувања и дијабетес.
Колку е поголем обемот на половината, толку е поголем ризикот од неколку состојби поврзани со кардиоваскуларни болести, вклучувајќи висок крвен притисок, висок шеќер во крвта и висок холестерол. Нездравото ниво на маснотии во стомакот исто така може да доведе и до замастен црн дроб, уште еден фактор на ризик за кардиоваскуларни болести.
Големина на половината и дијабетес
Се смета дека воспалителните хормони произведени од висцерална маст доведуваат до отпорност на инсулин, што значи дека телото не реагира на хормонот инсулин како што треба. Отпорноста на инсулин може да доведе до висок шеќер во крвта, преддијабетес и дијабетес тип 2.
Според Меѓународната федерација за дијабетес, здрава големина на половината е:
* 80 см или помалку за жени
* 90 см или помалку за мажи
* Сооднос помеѓу половината и колковите
Светската здравствена организација (СЗО) ја мери абдоминалната дебелина според односот на половината-колковите, што е мерка за тоа колку е голема вашата половина во однос на колковите. СЗО ја дефинира абдоминалната дебелина како сооднос поголем од 0,85 за жените и 0,9 за мажите.
* За да го пронајдете односот помеѓу половината и колковите, користете лента за мерење за да го измерите струкот на најтесната точка.
* Следно, измерете ги колковите во нивната најширока точка (каде што најмногу ви се истакнува задникот).
* Поделете ја половината со обемот на колковите.
* Резултирачкиот број е односот на половината и колковите.
Сооднос на половината и висината
И мерењето на половината и односот на половината и колковите може многу да се разликуваат кај луѓето од различен пол и возраст. Затоа некои експерти веруваат дека соодносот помеѓу половината и висината е најконзистентен начин за мерење на салото на стомакот.
За да го одредите односот на половината и висината:
* Користете мерна лента за да ја измерите висината од дното на стапалата до врвот на главата.
* Следете ги упатствата погоре за да ја измерите големината на половината со помош на мерна лента.
* Поделете ја големината на половината со висината во см за да го добиете соодносот.
* Сооднос поголем од 0,5 (што значи дека вашата половина е поголема од половина од вашата висина) значи дека сте изложени на поголем ризик од здравствени проблеми.
* Можете да го направите ова дури и ако немате лента за мерење. Се’ што ви треба е долго јаже.
* Измерете ја вашата висина според јажето.
* Потоа пресечете го јажето на ниво на врвот на главата, за да биде иста висина како вас.
* Преклопете ја врвката на половина, па замотајте ја околу половината.
* Ако преклопената врвка не ви оди до крај околу половината, веројатно имате нездраво ниво на сало во стомакот.
Обем на половината и БМИ
БМИ е формула заснована на вашата тежина и висина која лекарите понекогаш ја користат како брз начин да проценат дали вашата тежина е на здраво ниво. Ако вашиот БМИ е поголем од 25, може да се сметате за дебели. Но, БМИ не е совршена мерка. Тоа може да биде неточно, особено за луѓе со голема мускулна маса или оние кои се многу високи или ниски.
Високиот БМИ не секогаш значи дека вашето здравје е загрозено. И поголем струк не мора да значи и поголем БМИ. Затоа некои лекари веруваат дека големината на половината – или големината на половината во комбинација со БМИ – е подобра мерка за здравствените ризици отколку само БМИ.
Едно големо истражување покажало дека дури и жените со БМИ помал од 25 се изложени на поголем ризик да умрат во средна возраст ако имале повеќе маснотии околу половината. Женитесо „нормалнатежина“ чиј струк бил 90 см или повеќе имале три пати поголеми шанси да умрат од срцеви заболувања отколку жените со „нормална тежина“ со помал струк.
Како да го намалите обемот на половината
Ајде да ја тргнеме оваа недоумица: НЕ можете насочено0 да го намалите вашиот струк или кој било друг дел од вашето тело. Различни вежби може да ги зајакнат вашите стомачни мускули. Но, за да изгубите неколку сантиметри околу половината, ќе треба да изгубите тежина со внесување на помалку калории отколку што согорувате и задолжително да бидете физички активни.
Фото: Архива