НУ Народен театар – Битола учествува со два избрани плакати на осмото издание на Биеналето на театарски плакати во Вараждин, Хрватска

НУ Народен театар – Битола учествува со два избрани плакати во вкупна селекција од 50 најдобри плакати во официјалниот каталог на осмото издание на Биеналето на театарски плакати во Вараждин, Хрватска. Истите ќе бидат изложени во изложбениот салон на Сермаж Палас ГМВ и Галерија „Злати ангел“ во Вараждин од 24 јануари до 16 февруари 2025 година.

Зад дизајнот на плакатите стои Сашо Илковски од Битолскиот театар чија креативност и посветеност кон визуелната уметност повторно се истакнуваат на меѓународно ниво.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …