НУ Народен Театар Битола со гордост ја најавува својата најнова премиера “Црно семе” работена според романот на Ташко Георгиевски во режија на Андреј Цветановски.
Претстава за судбината на група Македонци, затвореници на еден пуст остров во Егејското Море, на кои и покрај насилството, физичката и психичката тортура не можат да му го скршат човековото достоинство и да му го погазат чувството за национална припадност.
Премиера на 16 април со почеток во 20 часот, репризни изданија на 22 и 29 април со почеток во 20 часот.