НОВИ СТРИПОВИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Како дел од Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија-сектор издаваштво, Стрип центар на Македонија со седиште во Велес ги публикува следните изданија :
• Стрип списание „КРЕАТОР” бр 35 и 36
• Илинден 903-Борбата на Слива од Миле Топуз,
• ИСТОРИСКИ СТРИПОВИ-Коле Манев
• КИКО И ВЕКИ ВО НОВИ АВАНТУРИ – Јордан Манасијевски
• Како и стрип книгата„АЛМАНАХ ” од група автори i
• ВОЛШЕБНИ КВАДРАТЧИЊА –(превод на македонски ) од младата Ања Тановиќ од Нови Сад, Србија .

Томе Трајков-програм координатор на Македонскиот стрип центар потенцира дека изградбата на македонска национална стрип култура преферира поддршка и афирмација на македонски стрип автори. Ако се изземат учеството на стрип автори од други држави во ревијата КРЕАТОР( којашто традиционално ги објавува најдобрите дела од традиционалниот стрип конкурс)потоа изданието на нашата драга пријателка Ања Тановиќ( кадешто сценарист на повеќе стрипови е Ване Трајков) тогаш стрип книгите на доајените Миле Топуз, Коле Манев и Јордан Манасијевски претставуваат заслужена сатисфакција во нивниот повекегодишен труд.


Тука е и македонската стрип иднина како што се на пример авторите :Илко Стојановски,Славица Купенкова,Евгенија Трајковска,Ѓурѓица Варела,Сибел Исмаилова,Анита Гочева,Оливер Цветковски, Мартина величковска, Ѓунај Абдулов, Тамара Мишовска, Дарко Бојовски и др..

Томе Трајков, исто така, нагласува дека не помало значење претставува сочувувањето и афирмацијата на македонскиот јазик. За жал, мора да се каже дека и во некои кругови, неговото постоење се доведува во прашање. Стрип центар – Велес принципиелно ќезастане против тие тенденции, завршува Трајков


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ДОДЕКА ВОДЕЛА ДНЕВНИК – Водителка на ХРТ паднала и се пошегувала на своја сметка: „Се надеваме дека нашите спортисти се поспретни од мене!“

Водителката на ХРТ, Зринка Гранчариќ паднала додека водела Дневник, а видеото набрзо почна да се …