Легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ е примен во болница во Словенија поради лошата здравствена состојба.
Фронтменот на познатата група „Рибља чорба“ е хоспитализиран поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест, а сега за „Блиц“ проговорил неговиот менаџер Бане Обрадиќ, кој изјавил дека состојбата на пејачот не е променета.
„Истото и третиот ден. Интубирано. Во болница. Нема промени“, рекол Бане, кој вчера го посетил Бора со сопругата Дубравка.
Инаку, за локалните медиуми зборувал и блискиот пријател на Бора, Гале од групата „Кербер“, кој открил дека се слушнал со Бане Обрадовиќ, менаџерот на групата „Рибља чорба“.
„Денеска разговарав со неговиот менаџер. Бора не е добро, воопшто не е добро. Не би ја отворал приказната премногу, не гледам како би можел да се опорави. Тој е навистина голем борец, ние сме добри пријатели. Не можев да стигнам до него, навистина е болен, во болница е, во Словенија нема позитивни вибрации дека ќе испадне добро“, рече Гале.
Фото: Архива