НОБ: Оперската претстава „РИТА“ од Гаетано Доницети на 21. септември

Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет, в среда на 21 септември со почеток во 20 часот.
„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.
Диригент е Бисера Чадловска, режисер е Трајко Јордановски, сценографијата и костимите се на Марија Ветероска, а концерт мајстор е Јане Бакевски.
Солистичка екипа ја сочинуваат: Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков, Борко Биџовски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„РЕМЕК-ДЕЛО НА СОЗДАВАЊЕТО“- самостојна изложба на академскиот графичар и графички дизајнер, Дарко Аницин

На ден 16.09.2024 година (понеделник) со почеток во 20:00 часот, во Галерија „КО-РА“ – голем …