НОБ: Изведба на балетската претстава „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“ на 24.1.2023

На сцената на Националната опера и балет на 24 јануари 2023 во 20.00 часот ќе се изведе атрактивната балетска претстава „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“. Балет во 9 слики.
Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.
Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.

This image has an empty alt attribute; its file name is gospogicite-od-avinjon.jpg
Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен повик за учество во работилница „Вовед во сценска костимографија“

Во рамки на годишната програма, КСП Центар- Јадро организира работилница за сценска костимографија во текот …