Невидена трагедија ја снајде познатата пејачка Мараја Кери минатиот викенд, кога во ист ден починале нејзината мајка и сестра. Музичката ѕвезда се’ потврдила за американските медиуми.
Мараја Кери со многу загрижени обожаватели споделила дека моментално ги минува најтешките денови од својот живот откако се огласила со шокантни зборови.
Everybody please pray for Mariah Carey who lost her mother and sister on the same day pic.twitter.com/uoQUrp45so
— DeMarko (@freakymarko) August 26, 2024
„Срцето ми е скршено затоа што минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт на настаните, сестра ми го загуби животот истиот ден“, изјавила пејачката за „People“.
Mariah Carey confirms her mom Patricia and sister Alison both died on same day:
“My heart is broken that I’ve lost my mother this past weekend. Sadly, in a tragic turn of events, my sister lost her life on the same day. I feel blessed that I was able to spend the last week with… pic.twitter.com/TePUaV96lU
— Pop Crave (@PopCrave) August 26, 2024
Потоа се обидела да најде утешни зборови и во болни моменти да разбуди убави спомени од времето поминато со најважната жена во нејзиниот живот.
„Се чувствувам благословена што можев да ја поминам последната недела со мајка ми пред да почине. Ја ценам љубовта и поддршката од сите и почитта кон мојата приватност во овој невозможен период“, рекла таа во официјалното соопштение.
Засега не се познати други детали, вклучително и причините за смртта на Патриша и Алисон.
Патриша, која претходно била во брак со Алфред Рој Кери, била оперска пејачка и вокален учител обучена на Џулијард пред парот да ги пречека Алисон, Марија и синот Морган.
Нивниот развод следел кога пејачката имала само три години, а познато е дека нејзиниот однос со мајка и бил многу комплициран.
„Како и многу аспекти од мојот живот, мојот однос со мајка ми е полн со противречности и конфликтни реалности. Никогаш не беше само црно-бело – тоа беше цело виножито од емоции“, напишала Мараја во своите мемоари од 2020 година.
View this post on Instagram
Односот на пејачката со нејзината сестра Алисон исто така бил доста сложен. Ѕвездата во своите мемоари напишала дека барем во тоа време и било емотивно и физички побезбедно да нема никаков контакт со неа или нејзиниот брат Морган.
Бројни обожаватели и почитувачи на нејзиниот лик и дело и изразиле длабоко сочувство на пејачката за трагичните загуби.
Фото: Принтскрин/X